Posts

Showing posts from April, 2017

Рехабилитација

Овде би спомнала еден терапевтски метод  практикуван од страна на специјалната болница Св.Еразмо.Р аното лекување кај деца со церебрална парализа се врши со неурофизиотерапија по методата на Бобат. Кај деца од предучилишна возраст се употребуваат корекциони потколени гипсени чизми во траење од две до три недели. Со нив успешно го намалуваме спазмот на мускулатурата на долните екстремитети. Се користат и хируршки интервенции: транспозиција на аддукторните мускули (преместување на мускулите што го приближуваат колкот), елонгација на флексорните мускули на колената (издолжување на мускулите што го свиткуваат коленото), продолжување на скратенатаАхилов а тетива и др. Добро е што Центарот за церебрална парализа е сместен во ортопедска болница, каде што децата можат да се третираат амбулантно, а по потреба да се хоспитализираат и да се извршат потребните хируршки интервенции. Голем дел од лекуваните деца покажуваат дека програмата за церебралната парализа е оправдана .

Видови церебрална парализа

Image
Видови на церебрална парализа Зависи од кој дел на мозокот е повредата и кои делови од телото се изложени, церебралната парализа може да биде : К ВА ДРИПЛЕГИЈА Кога се зафатени двете раце и двете нозе се нарекува квадриплегија. Обично децата кои имаат квадриплегија имаат проблеми при движење на сите делови од лицето, на нивните лица, трупот,рацете и нозете, па може да им биде потребна инвалидска количка за да се движат. Поради тешкотијата да ги контролираат мускулите на лицето, може да имаат проблеми со јадење и зборување. ХЕМИПЛЕГИЈА Хемиплегијата ја зафаќа само едната рака и едната нога од едната страна на тлото. Хеми значи пола, што покажува дека се зафатени само десната или само левата страна од телото. Другата страна од телото функционира нормално. Овие деца може нормално да одат и да трчаат. ДИПЛЕГИЈА Некои деца имаат церебрална парализа само на нозете или само на нозете. Почесто се среќава диплегија на нозете отколку на рацете. Овие деца имаат проблеми со одење и

Дијагноза

Н ормалниот развој на детето, дофаќањето на играчки (3-4 месеци), седењето (6-7месеци) и одењето 1 0-14 месеци) се засноваат на моторните функции. Закаснетиот развој на овие основни моторни функции може да предизвика сомневање за церебрална парализа од страна на лекарите. Покрај тоа што лекарот при поставување на дијагноза го зема во предвид закаснетиот развој на моторните функции, тој мора да обрати внимание на некои аномалии кои се забележливи кај детето. Tукa спаѓаат: абнормален мускулен тонус, абнормално движење, абнормални и инфантилни рефлекси. Поставувањето на дијагноза воопшто не е лесно, и практично е невозможно се до првиот роденден на детето. Дијагнозата претставува чекање на дефинитивното И постојаното појавување на моторни проблеми. Teшкo е и поставувањето на дијагноза доколку детето е малку постаро,2-3 години, a има доживеано повредана главата. Чекањето и набљудувањето се неопходни при поставување на дијагноза, бидејќи повредата укажува на церебрална парализа, a

Причини за појава и симптоми

Image
Церебралната парализа претставува нарушување на мозокот и може да се јави пред бременост, за време на бременоста или пак кратко по раѓањето. Кај многу случаи постои нарушување во моториката, а кај повеќето таа се јавува придружена со ментална ретардација, најчесто лесна, потоа многубројни растројства во однесувањето, проблеми со учењето и слично. Кај повеќето деца со церебрална парализа, не може да се одреди како се случуваат проблемите во мозокот. После раѓање, инфекција и повреда на главата може да бидат фактори кои придонесуваат. Прерано родените бебиња и оние со ниска тежина при раѓање се изложени на поголем ризик за церебрална парализа. Д о церебрална парализа може да дојде од разни причини, како: ·          Болест на мајката за време на бременоста, на пример некоја вирусна инфекција во првото тромесечие од бременоста. ·          Предвремено породување или одлепување на плацентата. ·          Лоша позиција на бебето при раѓањето, премногу долго породување, проблеми со п

ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Image
Церебралната парализа (CP) е нарушување кое влијае на способноста на детето да ги контролира своите мускули. Таа е предизвикана од оштетување или абнормалности во делови од мозокот кои се зафатени од движење и координација. Во повеќето случаи, церебралната парализа започнува пред да се роди бебето. Понекогаш, церебралната парализа започнува при раѓање или за време на првите две години од животот. Првичите знаци за церебрална парализа вклучуваат одложувања во исполнувањето на фазите на развој, како што се учење да се превртуваат, да седат, да ползат или да одат. Иако нема лек за церебрална парализа, нарушувањето не се влошува како што расте детето. Раниот третман, како што е физикална терапија, лекови, потпори и други помошни уреди, може значително да им помогне на децата да ги подобрат своите функционални способности.