Рехабилитација

Овде би спомнала еден терапевтски метод  практикуван од страна на специјалната болница Св.Еразмо.Раното лекување кај деца со церебрална парализа се врши со неурофизиотерапија по методата на Бобат. Кај деца од предучилишна возраст се употребуваат корекциони потколени гипсени чизми во траење од две до три недели. Со нив успешно го намалуваме спазмот на мускулатурата на долните екстремитети. Се користат и хируршки интервенции: транспозиција на аддукторните мускули (преместување на мускулите што го приближуваат колкот), елонгација на флексорните мускули на колената (издолжување на мускулите што го свиткуваат коленото), продолжување на скратенатаАхилов а тетива и др.
Добро е што Центарот за церебрална парализа е сместен во ортопедска болница, каде што децата можат да се третираат амбулантно, а по потреба да се хоспитализираат и да се извршат потребните хируршки интервенции.
Голем дел од лекуваните деца покажуваат дека програмата за церебралната парализа е оправдана
.





Comments

Popular posts from this blog

Видови церебрална парализа

Причини за појава и симптоми

ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА