Причини за појава и симптоми
Церебралната парализа претставува нарушување на мозокот и може да
се јави пред бременост, за време на бременоста или пак кратко по раѓањето. Кај
многу случаи постои нарушување во моториката, а кај повеќето таа се јавува
придружена со ментална ретардација, најчесто лесна, потоа многубројни растројства
во однесувањето, проблеми со учењето и слично.
Кај повеќето деца со церебрална парализа,
не може да се одреди како се случуваат проблемите во мозокот. После раѓање,
инфекција и повреда на главата може да бидат фактори кои придонесуваат. Прерано
родените бебиња и оние со ниска тежина при раѓање се изложени на поголем ризик
за церебрална парализа.
До церебрална парализа
може да дојде од разни причини, како:
·
Болест на мајката за време на бременоста, на пример некоја
вирусна инфекција во првото тромесечие од бременоста.
·
Предвремено породување или одлепување на плацентата.
·
Лоша позиција на бебето при раѓањето, премногу долго породување,
проблеми со папочната врвка.
·
RH некомпатибилност помеѓу родителите итн.
Научниците ја
испитуваат генетската поврзаност со мозочните абнормалности, кои можат да
доведат до церебрална парализа.
Причина за појава на
церебрална парализа по раѓањето може да биде
·
Инфекција кај бебето, како менингитис, енцефалитис итн.
·
Повреда на главата при некоја незгода, пад и сл.
Во првите месеци од
животот кај бебето нема јасни знаци кои би укажале на постоење на детска
церебрална одземеност па затоа не е можно веднаш да се постави дијагнозата.
Првите
знаци кои навестуваат сомнеж се:
-неможноста детето да ја подигне главата
-ако детето нема способност да се врти во креветчето
-ако не покажува интерес за играчките или не може да ги дофати
-кога детето не ја одржува седечката положба самостојно на возраст кога би требало да може да го прави тоа
-ако детето не реагира на околината
-телото на детето е премногу отпуштено или е во постојан грч
-детето тешко ја голта храната
-ако постојат неволни (неконтролирани ) и нескладни движења.
-неможноста детето да ја подигне главата
-ако детето нема способност да се врти во креветчето
-ако не покажува интерес за играчките или не може да ги дофати
-кога детето не ја одржува седечката положба самостојно на возраст кога би требало да може да го прави тоа
-ако детето не реагира на околината
-телото на детето е премногу отпуштено или е во постојан грч
-детето тешко ја голта храната
-ако постојат неволни (неконтролирани ) и нескладни движења.
На било кои од овие
симптоми треба веднаш да се реагира. Благовремената дијагностичка процедура е
важна за да се започне со ран третман бидејќи на тој начин шансите состојбата
значително да се подобри се многу високи.Зависно од тоа во кој дел од мозокот се наоѓа оштетувањето и
степенот на зафатеност на централниот нервен систем, симптомите можат да бидат
различни:
-Проблеми со говорот.
-Неконтролирано движење.
-Проблеми со подвижноста (често пати мускулите се напнати),
грчење.
-Нарушување на слухот.
-Нарушување на видот.
-Може но не мора да биде присутна и ментална ретардација. Тоа што
некоја личност има потешкотии со контролата на движењата или проблеми со
говорот, не значи дека има и ментална ретардација.
Comments
Post a Comment