Дијагноза
Нормалниот развој
на детето, дофаќањето на играчки (3-4 месеци), седењето (6-7месеци) и одењето 10-14 месеци) се
засноваат на моторните функции. Закаснетиот развој на овие основни моторни
функции може да предизвика сомневање за церебрална парализа од страна на
лекарите.
Покрај тоа што лекарот при поставување на дијагноза го зема во предвид
закаснетиот развој на моторните функции, тој мора да обрати внимание на некои
аномалии кои се забележливи кај детето. Tукa спаѓаат: абнормален мускулен
тонус, абнормално движење, абнормални и инфантилни рефлекси.
Поставувањето на дијагноза воопшто не е лесно, и практично е невозможно се до
првиот роденден на детето. Дијагнозата претставува чекање на дефинитивното И
постојаното појавување на моторни проблеми.
Teшкo е и поставувањето на дијагноза доколку детето е малку постаро,2-3 години,
a има доживеано повредана главата. Чекањето и набљудувањето се неопходни при поставување
на дијагноза, бидејќи повредата укажува на церебрална парализа, a после одреден
период се ке си дојде во најдобар ред.
Comments
Post a Comment